Џабе брзаа во Мајами: Трката во Ф1 не може да се вози пред 2020 година

Сопствениците на Формула 1 објавија дека плановите за градска трка на Флорида, по улиците на Мајами, нема да може да се организира во идната година и покрај силните желби на домаќините во 2019 година да бидат домаќини на најбрзите болиди.

Ф1 и Мајами се надеваа дека трката ќе се одржи во идната година, но сега објавија дека преговорите за истата предолго траеле за да може таа трка да се организира веќе следната година, па затоа пред 2020 година нема да се вози уличната трка во Мајами.

Директорот за комерцијални операции во Ф1, Шон Бречис објавил дека преговорите биле компликувани од аспект што сопствениците на таа трка сакаат да направат најдобра можна улична трка.

Бречис потенцирал и дека Формула 1 е посветена да органзиира што е можно повеќе трки во Северна Америка, покрај тие за големата награда на САД во Остин, за ГН на Канада во Монтреал и на Мексико во Мексико Сити, па Мајами би била четврта во календарот.