Дукати ја соопшти состојбата на Лоренцо по ужасниот пад во Тајланд

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, не доживеал тешка повреда при ужасниот пад на вториот слободен тренинг пред Големата награда на Тајланд.

Шпанецот целосно изгуби контрола врз моторот, па излета од теренот, а неговиот мотор беше уништен.

По тешкиот пад Лоренцо беше испратен на прегледи во меицински центар, каде што беше констатирано дека Шпанецот има големи модринки, но нема посериозни повреди.