Епска трка: Довициозо со триумф во Катар ја почна сезоната во Мото ГП

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо славеше на трката за Големата награда на Катар, со која почна годинешниот шампионат во Мото ГП.

Италијанецот во борбата за победа за нијанса беше подобар од бранителот на титулата Марк Маркез, а на нив на подиумот им се приклучи и Кал Крачлоу од Хонда.

Вистински спектакло се возеше на патеката „Лосаил“, а Довициозо водеше во поголемио дел од трката, па возеше паметно и со совршен план успеа да слави. Италијанецот успешно одговори на секој напад на неговите ривали, посебно на Маркез во самиот финиш, кога двајцата возачи водеа битка за победа.