Доминација на Мерцедес: Пол-позиција за Хамилтон, Ботас ќе стартува втор!

И покрај доминацијата на Ферари во првите и вторите квалификации, сепак во последните квалификации најбрзи беа возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Хамилтон на трката за Големата награда на Шпанија ќе стартува од првата позиција, откако денеска беше најбрз на квалификациите со време од 1:16.173, а веднаш зад него ќе биде неговиот колега од Мерцедес, Ботас кој имаше задоцнување од само 0.040 секунди.

Зад водечките возачи на Мерцедес, завршија Себастијан Фетел и Кими Раиконен, кои имаа задоцнување од 0.132 секунди, односно 0.439.

Веднаш по нив ќе тргнат возачите од Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо, а првите 10 ги комплетираат Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Карлос Саинц и Роман Грожан.

Трката во Барселона е на програмата утре од 15.10 часот.