Доминација на Мерцедес, Хамилтон ја освои пол-позцијата

Мерцедес доминираше на денешните квалификации за ГН на Франција, Луис Хамилтон беше најбрз и стигна до пол-позиција пред тимскиот колега Валтери Ботас

Нивниот главен конкурент беше далеку од нивното постигнување денеска, Себастијан Фетел задоцни половина секунда од пол-позицијата, па утре ќе стартува од 3. позиција, додека Кими Раиконен има уште покатастрофален резултат, па ќе стартува од 6. позиција.

Британецот патеката ја мина за време од 1:30.029 минути. Зад него заврши клупскиот колега Валтери Ботас кој заостануваше 0.118 секунди, додека третата позиција му припадна на ривалот Себастијан Фетел од Ферари, кој беше поспор за 0.371 секунди.

Трката за ГН на Франција се вози утре (недела) од 16.10 часот