Доминација на Маркез: Шпанецот четврти пат по ред го освои Арагон (ВИДЕО)

Победник на трката за Големата награда на Арагон во Мото ГП-шампионатот е возачот на Хонда, Марк Маркез, кој на најдобар начин го одбележа јубилејот и 200. трка.

Второто место го освои возачот на Дукати, Андреа Довициозо, кој на два круга пред крајот успеа да го премине Маверик Вињалес.

Вињалес не беше свесен за тоа што се случува, па на крајот го премина и Џек Милер, кој стигна до третото место, а тој мораше да се задоволи со четвртата позиција.