Доминација на Дукати во Чешка: Довициозо триумфираше во Брно!

Дукати беше недопирлив денеска на трката за Големата Награда на Чешка, па по 11 години конечно стигна до победа во Брно.

Андреа Довициозо стигна до втората победа сезонава, а речиси во текот на целата трка беше лидер на патеката во Брно.

Во финишот на трката, Хорхе Лоренцо се обиде да го премине својот тимски колега, но Довициозо одлично извозе и стигна до заслужена победа.

Зад двајцата возачи на Дукати завршија Марк Маркез од Репсол Хонда и Валентино Роси од Јамаха со задоцнување од речиси три десетинки.