Доминација: Квартараро ја освои четвртата пол-позиција по ред (ВИДЕО)

Францускиот возач Фабио Квартараро продолжи со доминацијата во Мото ГП откако денеска ја освои четвртата пол-позиција, и тоа на патеката во Италија.

Возачот на Јамаха беше најдобар во квалификациите со време 1:45.187, но и Дукати има на што да се надева на патеката бидејќи Франческо Бањаја заврши на втората позиција, додека Жоан Зарко ќе тргне трет.

Трката за Големата награда на Италија ќе се одржи утре со почеток од 14 часот.