„Докторот“ не размислува за пензија: Го продолжи договорот со Јамаха

Валентино Роси денеска потпиша нов двегодишен договор со Јамаха, според кој ќе остане во Мото ГП до крајот на 2020 година. 

Актуелниот договор на Италијанецот истекуваше по завршувањето на 2018 година, но од јапонскиот производител на мотоцикли му понудија нова соработка. Ако се знае дека Роси моментално има 39 години, тоа значи дека ќе вози во најсилната мото класа до 41 година и ќе биде само вториот четириесет-годишник кој настапил во Мото ГП по Колин Едвардс во 2014 година.

Со Јамаха, „Докторот“ стигна до 56 победи во Мото ГП и освои четири шампионски титули од вкупно седумте во кариерата во 2004, 2005, 2008 и 2009 година. 

Негов партнер во тимот сезонава останува Маверик Вињалес, кој исто така потпиша договор до 2020 година.