Девет македонски автомобилисти викендов на ФИА ЦЕЗ натпревар на „Хунгароринг“

Твинго Куп се враќа по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 и тоа на повисоко натпреварувачко ниво ФИА ЦЕЗ (ФИА Централно европска зона).

Новата сезона стартува овој викенд со закажани две трки на во сабота (17.04.2021 год) во Унгарија на легендарната патека „Хунгароринг“. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на „TWINGO EUROCUP 2021 POWERED BY GLASO“.

Наши натпреварувачи се: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ. На „Хунгароринг“ тие ќе ги одмерат силите со останатите 19 други натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија.

За време на тренинзите и трката ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид 19.

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на ФИА ЦЕЗ и тоа во: Серес, Грција (јуни), „Гробник“, Хрватска (јули), „Словакиаринг“, Словачка (август), „Ред Бул Ринг“,  Австрија (септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес - Грција (ноември)  во  организација на АКК Рено Спорт Скопје.