„Денеска требаше да бидам прв, ама на домаќинот изгледа (ќе) му пречеше македонското знаме“

Откако најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе вчера стигна убедливо до пол-позицијата во ТЦР Италија (Туринг Кар Италија), денеска победици на славната „Монца“, сепак беа италијански возачи. Победи Салваторе Тавано, кој триумфираше во првата трка, а Луиџи Ферара победи на втората трка за вицешампионското место.

И по завршувањето на трката во „Монца“, Стефановски преку својот официјален фејсбук-профил се огласи и посочи дека на домаќинот со банална казна го спречиле да биде на подоумот, а можеби и на самиот врв

„Ова е дел од мојот тим, ова се лугето, кои се жртвуваат на сите трки низ мојата кариера и овој пехар што денеска ми го земаа за прво место требаше да им го доверам ним. Зошто тоа го заслужија покрај сите тешкотии кои ги имавме оваа сезона. Овој викенд докажавме дека сме тим кој може да им парира на најдобрите и жал ми е што добивме банална казна, која само организаторот знае за што е дадена. Можеби ќе им пречеше покрај толку силни италијански тимови да го развиоревме македонското! Благодарност до сите спонзори, кои се со мене и сите луге кои ми ја даваат поддршката да можам да го живеам мојот сон. Се гледаме наскоро на подиум“, објави Иџе.