Давидовски заврши во топ-10 на првата трка во Монца

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски постигна голем успех на првката трка во шампионатот на ТЦР Европа, откако на патеката Монца го освои деветтото место.

Иако Давидовски тргна од 16. позиција на стартот, сепак во текот на трката успеа да мине шест ривали, со што заврши на 10. место. Меѓутоа, поради казната на Сами Тафик, македонскиот возач напредуваше за дополнително место и така неговиот конечен пласман беше деветта позиција.

Втората трка на Монца се вози утре во 13 часот.