„Дакар 2019“ ќе се вози во само една држава!

Едно од најпознатите натпреварувања во авто-мото спортот ќе се вози за првпат во историјата во само една држава, а станува збор за Перу.

Од 1979. до 2008. година Дакар се одржуваше во Африка и во моментов се работи на враќање на спортот токму таму, а причината поради која ја напуштија Африка е безбедноста на возачите и екипите.

„Рели Дакар ќе се одржи од шести до 17. јануари во Перу “, пишува на официјалниот Твитер профил.

Директорот на Дакар, Етјен Лавињ вели дека имаат неколку опции за одржување на натпреварувањето во иднина.

„Имаме неколку опции, поточно Алжир, Ангола и Намибија каде што имавме преговори. Ако Дакар не може да го одржиме во Јужна Африка, мораме да најдеме земји кои може да понудат добри услови за натпреварување од 10-12 дена“, вели директорот на натпреварувањето.