Црни облаци виснаа над Јапонија: Трката во Формула 1 ќе биде одложена?!

Одлуката за одржување на квалификациите за трката за Големата награда на Јапонија ќе биде донесена денекса, а главен проблем за ваквата одлука се силните ветрови и обилните врнежи од дожд.

Се очекува силен тајфун да го погоди јужниот брег во сабота, каде се наоѓа патеката „Сузука“, што може да им создаде големи проблем на организаторите.

Ние правиме големи напори да го измениме распоредот, но приоритет е безбедноста на навивачите, како и на натпреварувачите, како и на сите присутни на патеката, се вели во соопштението на Формула 1.

Поради ова невреме, веќе се откажани два рагби натпревари до Светскиот куп и се наведува дека тајфунот ќе биде најсилен годинава.

Конечната одлука ќе биде донесена во денеска, а ќе ја донесат градските власти, кои можат да ја затворат патеката.