Британски мотоциклист загина на трка во Макао (ВИДЕО)

Даниел Хагерти го загуби животот откако доживеа несреќа за време на мотоциклистичкото гран-при во Макао.

Британецот, кој имаше само 31 година излетал во шестиот круг од трката и удрил во заштитната ограда.

Трката веднаш била прекината и не продолжила, а официјални се земаат резултатите, односно пласманот до петиот круг. Хагерти по несреќата веднаш бил транспортиран во болница, но според соопштението на официјалните лица на трката, тој починал на пат до таму.