Британецот моќно пред своите фанови: Јубилејна 80-та победа на Хамилтон во Формула 1

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија.

Британецот пред своите навивачи на патеката „Силверстоун“ ја запиша седмата обеда сезонава, а 80. во кариерата.

Второто место го освои неговиот клупски колега, Валтери Ботас, додека трет на подиумот се искачи пилотот на Ферари, Шарл Леклер.

Големата награда на Велика Британија, покрај победата на Хамилтон, ја одбележа и инцидентот во кој Себастијан Фетел од патеката го исфрли пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, но оштетувањето на болидот го чинеше Германецот и место меѓу последните.