Ботас ќе стартува од пол - позицијата, Хамилтон веднаш зад него

Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, ќе стартува од пол - позицијата на утрешната трка за Големата награда на Велика Британција. на патеката „Силверстоун“.

Возачот на Мерцедес беше најбрз во денешните квалификации и тоа пред домашниот фаворит и клупски колега, Британецот Луис Хамилтон. Со ова Ботас ја прекина доминацијата на Хамилтон кој во претходните четири години ја освојуваше првата позиција на стартот. Трето најбрзо време имаше Шарл Леклер од Ферари по што следуваа Макс Ферстапен, Пјер Гасли, Себастијан Фетел, Даниел Рикардо, Ландо Норис, Александр Албон и Нико Хулкенберг, кој ја заокружи првата десетка.