Ботас ја освои пол-позицијата на јубилејната 1.000 трка во Ф1

Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Кина. 

Возачот на Мерцедес имаше најбрзо време со 1:31,547 и за само 0,023 секунди беше подобар од својот тимски колега Луис Хамилтон. Од вториот стартен ред ќе тргнат возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, додека зад нив е дуото на Ред Бул, Макс Ферстапен и Пјер Гасли.

Седмото и осмото место го освоија возачите на Рено, Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг, а првите десеторица ги комплетираат Кевин Магнусен и Роман Грожан од Хаас.