Болидите во Ф1 пред новата сезона звучат феноменално (ВИДЕО)

Првиот претсезонски тест во Барселона помина во знакот на ниските температури и снегот во средата, кој во комбинација со дожд го уништи третиот ден, а тимовите поминаа помалку километри од вообичаено.

Екипите во текот на првите четири денови од тестирањето поминаа вкупно 2581 круг, а инаку возат двојно повеќе, а коментар за подготовките имаше возачот на Ферари.

„Откако гумите ќе се загреат, може да возите вечно зашто не се трошат. Беше тешка недела исполнета со прашања и малку одговори“, кажа Себастијан Фетел.