Бивш тренер на Челси се откажа од Дакар откако заврши во болница!

Поранешниот тренер на Порто, Челси и Тотнем, Андре Вилаш Боаш кој имаше дебитантски настап на најтешкото светско рели Дакар неславно го заврши своето прво патешествие, кое се вози низ Перу, Чиле и Аргентина, откако денеска со авојот автомобил удрил имале несреќ и – завршил во болница.

Несреќата се случила во момент кога Португалецот бил на 43-то место, а Вилаш Боаш потоа на социјалните мрежи истакнал дека се повлекува од Дакар по несрќата.

„Морам да ви кажам дека јас и мојот совозач Рубен Фарија сме здрави и во добра состојба. Ние скокнавме од дина и го скршивме предниот дел од автомобилот. За жал, Дакар за нас е завршен“, објавил Вилаш Боаш.

Португалецот имал повреда на грбот, а несреќата е само една во низата на почетокот на најтешкото рели. Нани Рома се преврте со автомобилот и заврши во болница, а актуелниот бранител на трофејот кај моторциклите, Сем Сандерленд се откажа од релито откако и тој како и Вилаш Боаш имал несреќа со пад од дината по која го повредил грбот.