Бивш тренер на Челси и Тотнем ќе дебитира во светскиот рели шампионат ВРЦ

Поранешниот менаџер на лондонските премиерлигаши Челси и Тотнем, а исто така и екс-тренер на Порто, Андре Вилаш Боаш ќе дебитира во светскиот рели шампионат, популарниот ВРЦ, на трката во Португалија, но во третата категорија ВРЦ3.

Вилаш Боаш, кој драматично си замина од Олимпик Марсеј, кој беше негов последен клуб во тренерската кариера, ќе вози Ситроен Ц3 во третата категорина на светското рели, а ова ќе биде второ негово искуство во релито, откако се испроба и на најтешкото рели Дакар, но брзо се откажа во 2018 година.

Релито од светската серија на ВРЦ во Португалија ќе се вози од 20 до 23 мај.