Батон: Ако Хамилтон премине во Ферари предвреме ќе ја заврши кариерата

Дали Луис Хамилтон пред заминувањето во пензија ќе седне во болидот на Ферари е едно од најпоставуваните прашања на фановите на Формула 1.

Џејсон Батон, шампионот од 2009 година, смета дека трансферот во Ферари би бил многу ризичен потег за актуелниот шампион во Ф1.

Сигурен сум дека сите пилоти сакаат да одат во Ферари, но ниту еден возач не би преминал од тим кој победува во оној кој не е конкурентен, изјави Батон за германските медиуми.

Батон истакна дека за Хамилтон најдобро ќе биде да остане во Мерцедес доколку сака да го собори рекордот на Михаел Шумахер по број на освоени титули во најсилното автомобилистичко натпреварување.

Би било многу храбро од негова страна да премине во Ферари. Луис може да освои десет титули ако остане во Мерцедес, додека со тимот на Ферари би можел предвреме да ја заврши кариерата, додаде Британецот.   

Хамилтон сезонава е на добар пат да дојде до шестата титула.