Англија добива уште една трка: Лондон влегува во календарот на Ф1

Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун кажа дека постои можност за одржување на трка за Голема награда на Лондон.

Браун кажа дека вклучувањето на оваа трка во календарот на Формула 1 не би ја загрозило сегашната традиционална трка на Силверстон, туку би станала втора трка во Англија.

Бруан кажа дека евентуална трка во Ф1 во Лондон не би се одржувала во центарот на градот, зашто тоа би било невозможно.

„Жителите на Лондон не би требало да бидат загрижени дека центарот од градот ќе биде затворен во текот на целата недела. Постои опција да се одржи трката во некое од предградијата на Лондон, па во моментов се бара идеална локација. Сакаме да видиме како Лондон му се приклучува на Силвестрон, а не како го замнува“, кажа Браун.

Во исто време, кога во јавност се појави веста за трката во Лондон, сопствениците на Силверстон покажаа интерес за продолжување на соработката со Ф1 бидејќи нивниот договор завршува во 2019 година.