Алонсо уште еднаш ќе вози на „Инди 500“ за конечно да ја комплетира „триплетата“

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо во мај годинава по трет пат ќе се обиде да триумфира на трката „Индијанаполис 500“ во Индикар серијата во САД. 

Шпанецот потпиша договор со новоформиараниот тим Ероу Мекларен СП и ќе го вози третиот болид. Неговата опсесија и натаму останува да ја комплетира „триплетата“ во мото-спортот, која се состои од триумфи на трката Големата на града на Монако во Формула 1, потоа „24 часа Леман“ и „Индијанаполис 500'.

Со оглед на фактот дека има славено во Монако и Леман, му преостанува уште Индијанаполис за да стане само вториот возач во историјата што стигнал до ваков успех по Греем Хил.

Во своите претходни два обиди на „Инди 500“, Алонсо во 2017 година во болидот на „Андрети“ во квалификациите беше петти, а дури беше и лидер околу дваесетина круга, но болидот не издржа и мораше да се повлече. Лани со Мекларен доживеа фијаско, бидејќи не успеа ниту да се квалификува за трката поради слабиот болид.