Алонсо надмина рекорд на легендарниот Шумахер

Возачот на Алпин, Фернандо Алонсо со настап на трката за Големата награда на Азербејџан го надмина легендарниот Михаел Шумахер и постави нов рекорд во Формула 1.

Шпанецот дебитираше во Ф1 на Големата награда за Австралија во 2001 година, а од тогаш до трката во Баку поминаа 21 година, три месеци и осум дена, додека Шумахер во спортот се задржа 21 година и три месеци.

Алонсо во Баку го освои седмото место со својот болид, додека победата му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.