Алфа Ромео ги објави возачите за новата сезона, а меѓу нив го нема – Шумахер!

Екипата на Алфа Ромео ќе остане дел од Формула 1-шампионатот најмалку уште една година, откако беше продолжен техничко-комерцијалниот договор со Заубер, како и објавени имињата на двајцата возачи.

Иако се шпекулираше дека Мик Шумагер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, кариерата во најбрзиот циркус ќе ја почне токму во оваа средина, тоа не се случи. Алфа Ромеа, кој во Ф1 се врати во 2018 година по тридецениска пауза, реши да ја задржи истата возачка двојка и тоа Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.

Ова значи дека во моментов останаа уште пет слободни возачки места во пресрет на новиот шампионат, од кои едно е во Мерцедес, а кое сигурно ќе го пополни Луис Хамилтон, додека од Ред Бул се уште се во потрага по тимскиот колега за Макс Ферстапен. Ист е случајот и со Алфа Таури, каде што засега е потврден само Пјер Гасли. Единствено во тимот на Хас се испразнети двете возачки столчиња, па сега медиумите најавуваат дека Мик Шумахер е фаворит да седне во овој болид.

Заедно со Шумахер во болидот на Хас од следната сезона би можел да биде и Никита Мазепин.