Зенит промаши пенал, Елмас и Фенербахче славеа со 1-0 (ВИДЕО)

Фенербахче на домашен терен успеа да слави со 1-0 против Зенит Петербург во нокаут-фазата од Лигата на Европа, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен натпревар.

Фенербахче стигна до водство преку Ислам Слимани во 21. минута од 1-0, а во продолжение имаше добра шанса и Елмас, но противничкиот голман го одбрани ударот. Во финишот на првото полувреме Роберт Мак имаше шанса да погоди за 1-1, но го промаши пеналот.

Во продолжение од мечот двете екипи имаа по неколку шанси, но мрежите останаа да мируваат, па турскиот гигант ќе патува во Русија за реваншот со минимална предност.