Зенит пред Вардар организира фестивал за навивачите – концерт, баскет, видео-игри...

Рускиот гигант Зенит, кој в четврток ќе го дочека македонскиот шампион Вардар во меч од петтото коло во Лига Европа, ќе организира целодневна забава за своите навивачи на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, кој ќе биде отворен уште од 16 часот по македонско време и со низа настани планира да им овозможи неверојатно доживување на своите фанови.

Како што најави Зенит, на стадионот ќе има мизички хепенинг, ќе се прикаже филмот „Марадона“ на Емир Костурица, ќе има „предизвик во баскет“, а за сите приврзаници на видео-игрите, навивачи на Зенит ќе имаат шанса да се соочат со двајцата најдобри руски гејмери на „ФИФА 18“. Планирано е за најдобрите да се делат бесплатни влезници за следните дуели на овој руски гигант.

Концертот на панк-бендот „Бригада контракт“ ќе почне во 17.30 часот на вториот кат од стадионот на Зенит, а овој бенд ќе ги изведува најзначајните песни на навивачите на рускиот тим. На петтиот кат од Ц-трибината ќе има „простор за баскет“, каде навивачите ќе може да ги истакнат своите кошаркарски способности. Планирано е да има претставници и на кошаркарскиот клуб Зенит – Евгениј Воронов и Дру Гордон. Со нив, навивачите ќе може да се дружат и да собијат автограм, како и фотографија за сликање.

Во истиот сектор ќе има и видео-зона, а најдобрите ќе добијат бесплатни билети за послендиот меч во сезоната. Патем, двајцата најдобри гејмери од Русија, Богдан Астанин и Станислав Контсов ќе се соочат меѓусебе за да ја зголемат забавата. Плус ќе има и турнир во популарното „фудбалче“.

Од 17 часот зенитовци ќе може да уживаат и во отвореното кино, а на репертоарот е документарецот на Емир Костурица за еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона.