Зенит направи незамислив пресврт: Почна со 0-4, заврши со 8-1! (ВИДЕО)

Зенит имаше 0-4 од првиот круг во двомечот со Динамо Минск, но сепак успеа да го мине и да се пласира во плејоф-рундата во Лига Европа. Како? Со невидена победа од 8-1! Ајде што головите беа благо речено сомнителни, дел од нив смешни, сето ова Зенит го направи со играч помалку од 72. минута.

Зенит славеше со неверојатни 8-1, но дури по 120 минути игра. По основните 90, ланскиот противник на Вардар успеа да ги анулира оние 0-4 од Минск, па дуелот мораше да замине во екстра-време. Во 99. минута Динамо погоди Јахаја и намали на 4-1, па сега мисијата изгледаше невозможна за Зенит, бидејќи му требаа два гола, арно ама не два, тој постигна четири.

Почна Дриуси во 109. минута, а продолжи Ѕјуба со својот трет гол, овој пат од пенал. Беше 115. минута, па со 6-1 Зенит веќе имаше добитна ситуација, но во 122. и во 123. минута само го дотолчи противникот. Двапати стрелец беше Мак, прво од пенал, а потоа од контра.

 

Сето ова ќе звучи уште поневеројатно, кога ќе се напомене дека Зенит играше без исклучениот Паредес, кој доби втор жолт картон во 72. минута. Тогаш резултатот уште беше 2-0 за тимот од Санкт Петербург, за од 75. до 79. Ѕјуба да направи незамислив пресврт на настаните. Стрелбата ја отвори токму Паредес, во 22. минута, а во 66. Нобоа зголеми на 2-0.