Заврши европската авантура за Адеми и Динамо, Аталанта обезбеди осминафинале (ВИДЕО)

Екипата на Динамо Загреб за која настапува и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го доживеа најлошото сценарио во 6. коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Избраниците на Ненад Бјелица загубија на домашен терен од Манчестер Сити со 1-4 и со тоа не успеаја да се пласираат во осминафиналето. Но, ситуацијата да биде уште потрагична, Аталанта славеше на гостувањето во Украина, против тимот на Шахтјор со 0-3, и со тоа Хрватите останаа и без пласман во Лигата на Европа.

Сега, Сити останува на првото место во групата со 14 бода, додека Аталанта во последното коло успеа да обезбеди осминафинале како втора со 7 бода, додека Шахтјор има бод повеќе од Динамо со кој ги продолжува настапите во Лигата на Европа.