Тричковски распука со сета сила: Со хет-трик сам го прегази австриски Штурм (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски попладнево сам го растури австриски Штурм откако даде хет-трик во победата на АЕК Ларнака со 5-0 во реванш мечот од третото квалификациско коло во Лига Европа, со цел да го запечати пласманот во плејофот на кипарскиот тим.

Тричковски, кој даде еден гол во првиот меч и победата со 2-0, сега постигна три гола во убедливиот триумф и со овој хет-трик сега стигна до јубилејни 15 голови во Европа за кипарските екипи, што е во моментов недостижен рекорд. Македонскиот репрезентативец во најдобар момент влегува во форма пред септемврискиот старт на Лигата на нации.

Денеска во Ларнака, Тричко отвори со супер гол, откако на Штурм со топка му влезе во гол, а потоа распука за 13 мунути уште двапати. Погоди во 67-та минута за 3-0, само 120 секунди откако АЕК од пенал го дуплираше водството, а заврши со гол во 80-та минута од мечот.

Тричковски сезонава има шест гола во Европа, откако претходно даде два со ирски Дандалк за пласман во оваа рунда, а погоди еднаш во Грац, па сега запиша и хет-трик.