Волфсбергер ја посрамоти Борусија во Менхенгладбах, Јунајтед минимално против Астана (ВИДЕО)

Вечерва беше комплетирано првото коло од групната фаза во Лига Европа, а најголемото изненадување во натпреварите, кои почнаа од 21 часот, беше огромниот триумф на дебитантот во групите, Волфсбергер против Борусија Менхенгладбах (4-0).

Волфсбергер по само 13 минути ги шокираше домаќините, откако Вајсмен погоди за 1-0. Борусија го имаше поседот во топка, но не можеше да стигне до голот на гостите, па тие казнија до крајот на полувремето уште двапати преку Лајтгеб и Рицмајер, кои погодија за 3-0 по првите 45 минути.

Во второто полувреме Волфсбергер го бранеше мудро водството, па искористи уште една своја шанса преку Лајтгеб, кој го постигна вториот гол за конечни 4-0.

Манчестер јунајтед доминираше против Астана во текот на целиот меч, но единствениот погодок за победата од 1-0 го постигна Гринвуд и тоа дури во 73. минута. Рома немаше многу проблеми против Башакшехир, па славеше со 4-0 на домашен терен со погодоците на Кајсара, Џеко, Клајверт и Заниоло.

Останати резултати:

Еспањол – Ференцварош 1-1
Гент – Сент Етјен 3-2
Лудогорец – ЦСКА Москва 5-1
Партизан – АЗ Алкмар 2-2
Порто – Јанг Бојс 2-1
Ренџерс – Фаенорд 1-0
Слован Братислава – Бешикташ 4-2
Волфсбург – Олександрија 3-1
Вулверхемптон – Брага 0-1