Во Реал Мадрид вечерва со сите сили ќе навиваат за - Барса!

Групната фаза во Лигата на шампионите е при крај, па веќе се знаат дел од тимовите кои ќе минат во следната нокаут-рунда. Има и доста тимови кои сè уште бркаат дел од слободните места, а многу работи ќе бидат јасни вечерва кога ќе заврши 5.коло.

Реал Мадрид го осигура прогресот во осминафиналето како второпласиран тим во својата група, што значи дека за противник во елиминациите би добил некој од првопласираните тимови од групите. 

Актуелниот европски шампион реално не би требало да се плаши од ниту еден од потенцијалните противници, како Манчестер сити, Бешикташ, ПСЖ и веројатно Манчестер јунајтед, но Реал Мадрид сигурно нема да сака да има пресметка со Јувентус.

Го победи италијанскиот шампион минатата сезона во големото финале во Лигата на шампиони, но во нокаут-рундите „старата дама“ ја има предноста. Интересно е тоа што Јувентус го елиминирал Реал Мадрид на последните три соочувања во елиминациите во елитното натпреварување. 

Поради ова „кралевите“ вечерва ќе навиваат за својот најлут ривал Барселона, кој се среќава со Јувентус во Торино во рамки на групата Д. „Каталонците“ моментално се лидери со 10 бода, а Јуве има три помалку. Реалноста е дека Барселона е многу поблизу до првото место, што е добро за Реал Мадрид, најмногу поради супериорната гол-разлика. За Јувентус да се надева на првото место треба да ја совлада Барселона вечерва со 6-0 за да се израмни и со бројот на бодови и со гол-разликата, па во последното коло да се надева на кикс на шпанскиот тим на домашен терен против Спортигн Лисабон. Оваа комбинација е доста тешко остварлива за Јувентус, па затоа можеби Зинедин Зидан и неговите играчи речиси сигрно нема да го добијат италијанскиот гигант за противник.

Едно е јасно, а тоа е дека Реал Мадрид го очекува тешка ждрепка во елиминациите, освен ако за противник не го добие Бешикташ. Голема е веројатноста сите пет англиски екипи да бидат први во своите групи и „кралевите“ да паднат против Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул или Челси, а не можат да го добијат само Тотнем со кого играат во иста група.