Во Еуроспорт им се крева коса од шведски успех: И Остерсунд го нападна отвореното студио (ВИДЕО)

Шведски Остерсунд според рејтингот беше послаб и од Вардар, но направи чудо во Лга Европа и обезбеди шеснаестинафинале на пролет, само за да го надополни успехот на шведскиот фудбал, започнат со пласманот на Светското првенство во Русија.

Остерсунд вчера со 2-0 ја победија укринска Зарја и го визираа пролетниот дел во најмасовното натпреварување. На крајот, прославија веројатно во традиционален шведски стил – со напад на остворено студио. Шведските репрезентативци го искршија студиото по победата над Италија, а сега повторно настрада тоа на Еуроспорт од фудбалерите на Остерсунд.