Вардаровите соперници „изгинаа“ во Салцбург, срамно осминафинале за Арсенал! (ВИДЕО)

Познати се сите патници во осминафиналето од Лига Европа на УЕФА, иако со неколку неочекувани резултати во последниот круг натпревари. Отпаднаа Аталанта, Реал Сосиедад, Спартак Москва, а Арсенал се провлече поразен пред своите гледачи.

Арсенал им даде уште една причина на навивачите да чувствуваат горчина во оваа просечна сезона, губејќи на свој терен од Остерсундс со 1-2. Среќа што во првиот круг славеа со 3-0 во Шведска, па опасноста од елиминација беше реална само додека ја намалат негативата од 0-2. Швеѓаните таа ја создадоа за само две минути, од 22-та до 24-та, преку две полуконтри, а Колашинац по две минути во второто полувреме намали и го симна притисокот од експерименталниот состав на Арсен Венгер.

Отпадна познаникот на скопската публика, Реал Сосиедад, откако загуби со 1-2 на гостувањето во Салцбург. Носеше 2-2 од првиот круг, а во Австрија загуби контрола по 70 минути игра, кога Навас доби втор жолт картон, а домаќините реализираа пенал за 2-1.

Во следната фаза оди и Борусија Дортмунд, бранејќи се од налетита на Аталанта во Бергамо. Италијанците водеа долго во мечот со погодокот на Толои уште во 11. минута, но Шмелцер погоди во 83-тата од првата најсериозна можност за „милионерите“. Ова соочување беше уште повозбудливо пред една недела, кога Борусија со пресврт славеше со 3-2 и затоа прогресира понатаму.

 

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16-ТИНА ФИНАЛЕ

Милан* – Лудогорец 1-0 (3-0 на првиот меч)

Арсенал* – Естерсундс 1-2 (3-0)

Аталанта – Борусија Дортмунд* 1-1 (2-3)

Атлетик Билбао* – Спартак Москва 1-2 (3-1)

Брага – Марсеј* 1-0  (0-3)

Салцбург* – Реал Сосиедад 2-1 (2-2)

претходно...

Атлетико Мадрид* – Копенхаген 1-0 (4-1)

Динамо Киев* – АЕК 0-0 (1-1)

Лацио* – Стеауа 5-1 (0-1)

Плзењ* – Партизан 2-0 (1-1)

Лајпциг* – Наполи 0-2 (3-1)

Спортинг* – Астана 3-2 (3-1)

Вилјареал – Лион* 0-1 (1-3)

Зенит* – Селтик 3-0 (0-1)

Локомотив* – Ница 1-0

екипите со * одат во осминафинале