Зенит е екипа од висок европски калибар, а таквите ги следи и врвен маркетинг. Иако е Вардар, а не некоја екипа од Западна Европа, во главниот фан-шоп во Санкт Петербург и низ неколку други веќе се појавија шалови со логото на Вардар. Навивачите имаат можност да купат специјално дизајнирани шалови, пола црвено-црн, пола син, во чест на денешниот натпревар.