Макеоднскиот шампион Вардар го запиша првиот историски бод во својот дебитантски настап во Лига Европа, по денешното реми 1-1 со норвешки Розенборг во последното коло во најмасовното натпреварување.

Можеше Вардар денеска да победи и да се израдува на триумф, но како и многупати досега се самоуништи за да му подари на скандинавскиот тим еден бод. Вардарци успеаа во последното коло да се спаси да не биде најслабиот тим во историјата на Лига Европа, па во историјата остануваат само четири тима запишани како екипи кои не освоиле ниту еден бод.

Имаа црвено-црните доволно шанси, поведоа рано по само девет минути игра преку Итало по аистнција со гради На Тигран Барсегјан, но кога со преност требаше да се замине на пауза, Филип Гачевски повторно направи пенал, за Никлас Бендтнер да го реализира и макеоднскиот првак да стигне да израмни еден цн рекорд на Слован Братислава од 20 примени голови.

Голманот на Розенборг, Андреа Хансен денеска еднаш беше совладан, но имаше четири бравурозни интервенции за да го спаси норвешкиот тим од пораз. Двапати на Итало, еднаш на Новак (во првиот дел) и еднаш на Барсегјан во второто полувреме.