Вардар на „Крестовски“ ќе игра на затворен покрив - по втор пат во историјата (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Вардар за втор пат во својата историја ќе игра еден натпревар на стадион со затворен покрив. Така ќе биде вечерва на „Крестовски“ против Зенит во рамки на Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ за прв пат искусија како е да се игра на покриен стадион во 2013 година во рамки на квалификациите од Лигата на шампиони против Стеауа. „Националната арена“ во Букурешт исто како и „Крестовски“ има опција да го затвори покривот и да се добие ефект како да се игра фудбал во огромна сала.

„Крестовски“ е еден од најмодерните фудбалски стадиони во светот и беше граден речиси десет години. Првиот натпревар се одигра изминатово лето во рамки на Купот на конфедерации, а на истиот стадион идното лето ќе се играат натпревари од Светското првенство.

Покривот вечерва ќе биде затворен со цел фудбалерите и навивачите да се заштитат од студот. Температурата во Санкт Петербург во вечерните часови е под нулата, но денеска двата тима ќе играат во пролетни услови, бидејќи „Крестовски“ имаа опција да се загрее.

Стадионот „Кресотвски“ во Санкт Петербург
Стадион „Крестовски“ 
„Национална арена“ во Букурешт
Стадион „Национална арена“ во Букурешт