Вардар ја почувствува руската зима на „Петровски“ (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар го одработија единствениот тренинг во Санк Петербург пред утрешниот натпревар со Зенит во рамки на Лигата на Европа. 

Момците на тренерот Чедомир Јаневски денеска тренираа на стадионот „Петровски“, поранешниот дом на Зенит, а утре натпреварот ќе го одиграат на ултра-модерната арена „Крестовски“.

Тренингот го одработија сите фудбалери кои се на располагање на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски кој ги воигруваше последните техничко-тактчки варијанти пред утрешниот натпревар.  Натпреварот се игра утре од 19 часот по македонско време.