Ван Перси типува: Солшер ако не ја освои Лига Европа ќе добие - отказ!

Избраниците на Оле Гунар Солшер не успеаа да го победата Клуб Бриж на гостувањето во нокаут-фазата од Лига Европа, па Манчестер јунајтед со 1-1 од првиот меч ќе го пречека противникот на „Олд Трафорд“ на реваншот.

Поранешната ѕвезда на Јунајтед, Робин Ван Перси типува дека Солшер ќе добие отказ доколку не ја освои Лига Европа, а дури и тој самиот е свесен за лошите резултати на клубот.

„Сите ги паметат добрите денови на Сер Алекс Фергусон. Неговата филозофија беше да се преземат ризици и да се игра возбудлив и убав фудбал, па токму такво нешто очекуваат фановите. Победите не се доволно, мора да го направите тоа на атрактивен начин“, кажа Ван Перси.

Сепак, Ван Перси смета дека Јунајтед нема доволно квалитетен тим за да стигне ниту до финале, посебно ако налета на некој сериозен противник, како што е Интер.

„Интер изгледа како одличен тим, ако се паднете против нив, тогаш ќе ви биде пеколно тешко. од друга страна, не е ниту сигурно дека Јунајтед ќе стигне воопшто до финалето во Лига Европа“, вели Ван Перси.