Вакво нешто ретко се гледа: Младите Италијанци имаа 41 шут кон голот и пак – загубија! (ВИДЕО)

Младата фудбалска репрезентација на Полска го направи најголемото изненадување досега на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година, откако синоќа со 1-0 ја совлада фаворизираната селекција на Италија во меч од второто коло во групата А.

Ова беше меч кој долго ќе се памети, пред сѐ по доминацијата на Италијанците кои имаа дури 41 шут кон противничкиот гол, но тоа не им помогна ниту да освојат еден бод. Казната за сите промашувања стигна во 40. минута кога Полјаците по една мешаница го постигнаа победничкиот гол.

Во вториот меч од групата А, Шпанија ја совлада Белгија со 2-1.