Ужасна грешка на Варан, Сити уште на стартот го „начна“ Реал (ВИДЕО)

Надежите на навивачите на Реал Мадрид за евентуална сензација на „Етихад“ во реванш-мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите (ЛШ) против Манчестер Сити драстично се намалија, по ужасната грешка на Рафаел Варан и лесниот гол на Рахим Стерлинг за водство на домаќинот од 1-0 по само девет минути игра.

„Граѓаните“ со тоа само ја зголемија вкупната предност во двомечот, откако победија со 2-1 на првиот меч на „Сантјаго Бернабе“ пред пандемијата со коронавирусот.