Уште еден англиски аргумент зошто Ливерпул ќе биде – европски првак (ФОТО)

Откако Ливерпул се пласира во финалето во Лигата на шампионите, кое ќе се игра на 26 мај во Киев, англиските медиуми уште отсега почнаа да бараат разни аргументи зошто на „црвените“ им е пишано да станат шампиони.

И откако објавија приказни за поврзаноста со кралското семејство и со папата, па дури и со Евровизија, Англичаните открија уште еден аргумент дека 2018 година е година на тимот од „Енфилд роуд“. Нема некаква голема логика, освен што се поклопува нумеролошки, ама суеверните островјани и тоа како веруваат дека Ливерпул ќе го победи Реал Мадрид.

Тука нема некое големо објаснување, се работи за освојување на трофеј во одредени декати, па сè почнало во 1958 година со европска круна на Реал Мадрид, продолжило деценија подоцна во 1968 година со трофеј на Манчестер јунајтед, за завршило повторно десет години подоцна во 1978 година со пехар за Ливерпул. Сега истото се повторува. Реал Мадрид во 1998 година по 38 години повторно стана европски првак, па десет години подоцна Манчестер јунајтед ја освои европската круна и сега деценија по тој успех на „црвените ѓаволи“, ред е Ливерпул да ја затвори „втората серија“.

Сега останува само да се види дали Ливерпул ќе биде „крвникот“ на Реал затоа што токму „црвените“ се последните што успеале да го победат „кралот“ во финале и тоа во 1981 година и оттогаш, мадриѓаните имаат шест финалиња и шест победи во низа.