Ултрасите на Зенит со илјадници факели го испратија автобусот со играчите! (ВИДЕО)

Елиминацијата на Фенербахче, навивачите на Зенит Санкт Петербург ја прославија со невидено пиротехничко шоу. Улиците на Санкт Петербург во буквална смисла гореа, а атмосферата дополнително се вжешти кога клупскиот автобус ги минуваше улиците на градот.

Вистинска фешта приредија навивачите на рускиот гигант, откако нивните миленици го елиминираа Фенербахче од шеснаестфиналето на Лигата на Европа. Улиците во Санкт Петербург гореа, а ова видео е доказ дека руските навивачи се посебни..