Ултрасите на Наполи подготвуваат тешки нереди на првиот домашен меч во ЛШ?!

Ултрасите на италијанскиот вицепрвак Наполи планираат сериозни нереди, по кои наполитанците би заработиле тешка казна од Европската фудбалска унија (УЕФА) по првиот домашен меч со Ливерпул, најави сензационално весникот „Ил Матино“, кој важи за најдоверлив извор околу случувањата под Везув.

Како што тврди весникот, најбруталната франција на навивачи на Наполи планира намерно да предизвика инциденти, по кои клубот би добил казна и би ги играл мечевите со ПСЖ и Црвена Звезда пред празен стадион до крајот на групната фаза и сето тоа е затоа што има сериозни несогласувања со првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

Откако го презема Наполи, Де Лаурентис од овој клуб, бивш италијански првак изгради гигант кој постојано е во врвот на италијанскиот фудбал и игра во Лигата на шампионите. Но, Де Лаурентис е незадоволен од навивачите, затоа што тие не плаќаат билети, но постојано прават проблеми и клубот се соочува со казни, а плус создаваат притисок за да се освои титулата, а не сакаат најверните да одвојат пари за да го гледаат својот миленик.

Сега, поради големите несогласувања, најжестоките навивачи низ градот регрутираат луѓе кои ќе ги одработат нередите за да го „казнат“ Де Лаурентис и Наполи. Останува нејасно какви нереди би направиле, но весникот потенцира дека поради условната казна на Наполи, доволно е да ги блокираат влезовите и со пиротехника неколкупати да го прекинат мечот со Ливерпул, за УЕФА да реагира, како во случајот со Ц. Звезда и да им изрече пожестока казна.

Сега информациите се проследени и до специјалниот полициски оддел Дигос за борба против хулиганите.