УЕФА воведе големи рестрикции од кои македонските клубови ќе ги заболи глава!

Квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), како и за Лига Европа ќе почнат наскоро, а Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе воведе строги правила, на кои ќе треба да се прилагодат и македонските екипи.

УЕФА пред ждрепката ќе ја објави листата со сите ограничувања, кога станува збор за патување меѓу земјите, кои имаат претставници во квалификациите за ЛШ и Лига Европа.

Доколку се случи ситуација УЕФА да не е запознаена со дел од рестрикциите, клубот е должен да ја инфомира за ограничувањата кои ги имаат во државата.

Доколку некоја држава воведе рестрикција кон друга држава по ждрепката, автоматски клубот би можел да се најде во проблем.

На пример, ако некој македонски клуб треба да се соочи со друг клуб , а по ждрепката се воведат рестрикции и се забрани влез на гостите во државата домаќин, тогаш УЕФА ќе го регистрира мечот со резултат 0-3, односно тие ќе одат во следната рунда од натпреварувањето.

Доколку рестрикциите постеле меѓу двете земји, односно гостинската екипа не може да влезе во друга држава од која што доаѓа противникот, домаќинот на мечот е должен да го организира дуелот на неутрален терен во друга земја, а доколку тоа не се случи, тогаш гостите ќе добијат службена победа од 0-3.

Ако се случи двата клуба да одбијат да играат еден против друг или двете држави имаат рестрикции, односно не може да пронајдат заедничко решение, во тој случај двата клуба ќе бидат исфрлени од квалификациите.