УЕФА-сторија: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“!

Тоа што е врзан за количка не го спречува девет годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика. Јане Велковски од Скопје, главниот град на Македонија, живее за и со фудбалот, тој игра фудбал во секоја можна прилика, а очите му светнуваат секогаш кога зборува за својот омилен спорт. Ова е сторија на УЕФА за еднаквост, која денеска излезе на официјалната страница на Европската фудбалска унија.

„Фудбалот е сѐ во мојот живот“ вели Јане, додавајќи. „Го играм на видео игри, го играм во двор и го играм на училиште. Фудбал играм секаде“

Одлучноста на Јане да игра фудбал е импресивна имајќи в предвид дека тој е врзан за количка, со дијагноза за Спинална Мускулна Атрофија ( Spinal Muscular Atrophy - SMA).

„Кога играм фудбал се чувствувам еднаков, убаво ми е бидејќи можам да учествувам во играта. Убаво ми е дека можам да ја водам екипата, дека можам да победувам и дека сум капитен. Среќен сум кога победуваме и тажен сум кога губиме“, додава тој

Целата сторија на малиот Јане, фудбалскиот херој, погледнете ја во видеото.

Ова е сторијата за еднаквост, проект кој го поддржаа најголемите светски ѕвезди како Лионел Меси, Кристијано Роналдо која ја објави УЕФА и може да го погледнете тука.