УЕФА парично ја казни Црвена Звезда

Како што се најавуваше и претходно, три клубови беа казнети од страна на УЕФА, а станува збор за Ордабаси, Олимпија и Црвена Звезда.

Тимот од Казахстан, Ордабаси помина најлошо затоа што беше суспендиран од европските натпреварувања на една година.

Од друга страна Олимпија и Звезда беа казнети поради кршењето на финансисксиот фер-плеј, па добија парични казни.

УЕФА ја казни Олимпија со 75.000 евра, додека Звезда ќе мора да плати 50.000 евра.