УЕФА парично ги казни Манчестер сити и Ливерпул

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Манчестер сити поради кршење на правилото за спонзорот на опремата на натпреварите во Лигата на шампиони, а санкција имаше и за Ливерпул.

УЕФА ги казни „граѓаните“ со 3.000 евра поради кршење на правилото за начинот на поставување на рекламата на спонзорите. Сепак, тешко дека таа казна ќе ја почуствува Сити, посебно во споредба со претходната казна од 30 милиони евра и двегодишна суспензија од елитното натпреварување.

Казна стигна и на адресата на Ливерпул, кој поради користење на пиротехнички материјали на мечот против Атлетико Мадрид мора да плати 3.250 евра.