УЕФА не простува: Ребиќ доби жестока казна!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестоко го казни фудбалерот на Милан, Анте Ребиќ, кој беше исклучен на мечот во Лига Европа меѓу неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт и француски Стразбур.

Казната е неверојатно висока, односно пет меча суспензија, па тоа значи дека доколку Милан следната сезона се квалификува за Лига Европа или Лига на шампиони, Ребиќ ќе пропушти голем дел од натпреварите.

Да потсетиме, Ребиќ неодамна потпиша договор со Милан, кадешто стигна на двегодишна позајмица од Ајнтрахт.